70 години ИО “Мија Станимировиќ“ – Ниш

На 24.9.2022 год. (сабота) на терените на извидничкиот дом “Мија“ во Ниш се одржа прославата по повод 70 години од формирањето на нашиот братски одред,  извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“. Во рамките на академија беше изложено свеченото експозе од страна на старешината на одредот Слободан Тепавац. На самата академија беа доделени јубилејни плакети меѓу кои и на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ ...

Повеќе »

Tрибина “Извидници – начин на живот и влијанието на извидништвото во развојот на младите личности“.

Во рамките на прославата по повод 70 години од форирањето на извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш, на 23.9.2022 год. (петок) во Нишкиот  Културен Центар се организираше трибина на тема “Извидници – начин на живот и влијанието на извидништвото во развојот на младите личности“. На оваа трибина учество земаа: – Габриел Ранковиќ, Старешуина на СИС, – Дуња Марушиќ, Претседател на ...

Повеќе »

Хајк – Да создаваме иднина

Членовите  на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес во рамките на Европската недела на мобилност на 18.9.2022 год. (недела) организираа еднодневен извиднички хајк до месноста Вршник под мотото “Да создаваме иднина“. Во рамките на овој хајк извидниците од велешкиот извиднички одред   на патеката од месноста Камено брдо до Вршник поставија и едукативни еколошки таблички за зачувување на животната средина.

Повеќе »

Нова извидничка литература – “ЕКО СКАУТСКА ЧИТАНКА“

Во рамките на  пректот “Да создаваме иднина“ се изработи и едукативен материја кои ќе помогне во решавање на еколошките проблеми, а тоа е брошурата  “ЕКО СКАУТСКА ЧИТАНКА“ со следните теми: Основни поими и дефиниции на екологија, Пластика и стиропор, Стакло негово складирање и рециклирање, Светот во кои што живееме не е чист, Напиши писмо до весник, Енергијата е скапа и ...

Повеќе »

Реализирани XXXVI Средби на извидници – Голозинци 2022

Остварувајќи ја својата програма за работа Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше XXXVI Средби на извидници Голозинци 2022, кој  се одржаа во периодот од 9 до 11.09.2022 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село. На средбите учество земаа повеќе од 150 извидници од Република Македонија (Скопје, Прилеп, Штип, Кичево, Куманово, Виница, Кочани, Битола) и Република Србија (Ниш). ...

Повеќе »