Ден на дрвото

Во рамките на акцијата “Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“ на 12.3.2008 год. (среда) , две патроли од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес земаа учество во акцијата за пошумување. Пошумувањето во општина Велес се организираше во месноста “Голик“ (населба Превалец).          

Повеќе »

Петта седница на старешинство на СИМ

Старешинството на Сојузот на извидници на Македонија на 2.3.2008 год. (недела) во канцеларијата на сојузот ја одржа петата седница. На оваа седница се  разгледа и усвои наративниот и финансискиот извештај од последниот РИОН 2007 кој се одржа во Прилеп. Покрај ова беше закажано и редовно годишно Собрание на СИМ со утврден дневен ред. Истото ќе се одржи на 16.3.2008 год. ...

Повеќе »

Еднодневен излет во Крушево

Во рамките на одредската програма  за одбележување на Светскиот ден на извидништвото – 22 февруари, извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес на 23.2.2008 година (сабота) организираше еднодневен излет во Крушево за 25 визвидници. На овој  излет  извидниците од Велес го посетија  Мечкин  камен,  Меморајалниот  центар “Македониум“  каде што  кустосот Викторија Пети  велешките  извидници ги запозна со  Илинденската епопеја . После ...

Повеќе »