Обука за користење на новата Е-платформа на програмата Цивика мобилитас

tale_bale_civikaНа покана на Програмата на Цивика мобилитас на 16.11.2017 год. (петок) во хотел „Романтик“ се одржа обука “Како да ја користите новата Е-платформа на програмата Цивика мобилитас“ . Оваа е-платформа е направена со цел сите невладини организации и здруженија да можат да ги споделуваат своите вести, настани и ресурси на едно место и ќе биде достапно за сите. На обуката од страна на извидички одред “Димитар Влахов“ – Велес присуствуваа извидниците Благој Ѓорѓиев и Трајче Темелковски . На самата обука учество земаа уште десетина организации и здруженија. Обуката беше поделена во неколку фази:
• Запознавање со е-платформата
• Обука за најава и регистрација на е-платформата
• Обука за промена на податоците на акаунтите на корисниците
• Обука за додавање на нови настани на е-платформата
• Обука за додавање на нови вести на е-платформата
• Обука за додавање на сопствени ресурси на е-платформата
Е-платформата е навистина лесна за користење и наскоро ќе биде достапна за сите граѓани на Република Македонија, а и пошироко. Тоа ќе биде едно место на кое ќе може да се следи и да се покажат работата и активноста на здруженијата на граѓани во Македонија. Обуката беше успешно завршена при што сите присутни ги научија сите основи за користење на овој прекрасен веб-сајт.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>