IV куп на извидничко пријателство и VII коло извидничка лига на СИМ

21740213_10159282878470641_1993496241201418332_nИзвидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес  започнувајќи  да го одбележува 65 годишното постоење на одредот во Велес и Република Македонија, во периодот од  8-10.9.2017 год. ги организираше јубилејните традиционалните 32-ри Средби на извидници Голозинци – Велес 2017. Во рамките на ови 32ри Средби на извидници се организираа два типа на натпревари и тоа: VII коло на извидничката лига на СИМ и IV Куп на извидничко пријателство. На натпреварите во рамките на VII коло на извидничката лига на СИМ учество земаа одреди од следните градови и тоа: Скопје, Прилеп, Штип и Кочани Во рамките на VII коло на извидничката лига беа постигнати следните резултати и тоа:

  • Категорија РОВЕРИ: прво место патролата на ИО “Браќа Миладиновци“ – “Крив правец“ и второто место екипата на ИПО “Јадран “ – “Копачите на Але“ од Скопје
  • Категорија на ИСТРАЖУВАЧИ: прво место патролата на ИО “Браќа Миладиновци“ – “Каменковци“, ВТОРО МЕСТО екипата на Брџани  и третото место “Сага“ и двете од ИПО “Јадран“ – Скопје
  • Категорија ИЗВИДНИЦИ: екипите на ИПО “Јадран“ и тоа прво место “Јаготки“, второ место “Даре“ и трето место “ Лего коцки“

Во рамките на IV Куп на извидничко пријателство беа постигнати следните  резултати  и тоа: Прво место патролата на ИО “Мија Станимировиќ“ – Ниш – Република Србија, второ место екипата на извидниците од Ријека – Република Хрватска и трето место екипата на ИПО “Савски чивијаши“ од Шабац Република Србија. Во периодот од 1975 до 2017 година, успевaме да организираме триесет и две Средби на извидници, а кои што последните седумнаесет беа од меѓународен карактер. Овие 32ри Средби ги организираме повторно на тема … ориентацијата и топографија, сигнализација … игра како метод на работа во традиционалниот скаутизам . Со оваа меѓународна средба извидниците од Велес во своето 65 годишно работење успееа да докажат дека знаат да организираат и да реализираат активности од меѓународен карактер, а сето ова немаше да биде организирано на високо и професионално ниво доколку не беше поддршката од Општина Велес.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>