Старешинството и Советот на водачи на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес, на сите припаднички од понежниот пол им го честита Мегународниот ден на жената 8ми Март.
Тужителите мегу кои е и извидничкиот одред “Димитар Влахов“ засега нема да ја повлечат тужбата против државата по тридецениското загадување предизвикано од велешката Топилница. Судот на последното рочиште ги отфрли резултатите од досегашните вештачења и донесе одлука домашни стручњаци одново да направат вештачење. Тужителите се свесни дека новото испитување на загаденоста со себе повлекува и дополнителни материјални трошоци, но велат дека нема да отстапат од тужбата.
„Единствено нешто што останува е да се договориме сите тужители како понатаму би постапувале доколку навистина се наметнат материјални трошоци. Во однос на прецизирањето на тужбеното барање, во однос на конкретното загадување кое би се утврдило сето тоа треба да биде преку институции кои ќе ги ангажира судот. Сите тие вештачења ќе чинат пари“, рече Горан Петров, претседател на одборот за спас на Велес од Топилницата.
Поагајки од програмата за работа за 2009 / 2010, победничката екипа на РИОН 2009, машката патролата на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ ги започна подготовките за РИОН 2010. Подготовките за РИОН 2010 започнаа на 14 февруари на терените покрај реката Тополка и месноста Вршник. Подготовките започнаа со основите на ориентацијата и топографијата на непознат терен, потоа читање на топографска карта и пронаогање на контролни точки на терен. Покрај практичната работа на терен и подготовката на храна на терен во одредската канцеларија се започна и со цртање и усовршување на графичките материјали.
На 23.2.2010 год. (вторник) во просториите на Фондацијата “Фокус “ се одржа договорен состанок за подготовките на овогодинешната акција “Ден на Дрвото“. Како промотори на оваа голема еколошка акција на овој состанок се појавија нашата истакната и врвна пливачка Атина Бојаџи и публицистот Љубомир Гајдов. Овој договорен состанок беше организиран од страна на ЕЛС - Велес и на него учествуваа НВОи кои традиционално даваат најголем одзив на оваа акција. Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ беше преставен од старешината на одредот Ненад Андреевски.
Во рамките на прославата по повод Светскиот ден на скаутизмот - 22 февруари, членови на извидничкиот одред Димитар Влахов се приклучија на републичката прослава на празникот. Во рамките на прославата на 21 февруари се организираше и ноќен хајк до Милениумскиот крст на Водно во Скопје. На овој ноќен хајк учествуваа триесетина постари извидници од скопските одреди, извидници од Крива Паланка и членовите на нашиот одред.
На 20 февруари во просаториите на СИМ, новото старешинството ја одржа првата седница. Мегу другото на дневен ред беше и избор на Началник и Биро на СИМ.По долга расправа по пријавените кандидати старешинството на СИМ донесе одлука да Драган Анчевски биде новиот Началник на Бирото на СИМ. Покрај ова старешинството избра и замeник старешина а тоа е Зоран Шиљковски.На оваа седница се избра и дел од новиот управен одбор на ИЦО Охрид.
Да знаеш да љубиш, значи и да постоиш, зошто љубовта е смисла на нашето постоење. А оваа заедница е изградена токму на тој најсигурен темел - ЉУБОВТА. И како што рече Бог, ако бракот е заедница за вечноста, тогаш овој ден е почеток на таа вечност....а тој ден беше 7 февруари кога што нашиот драг брат извидник Саша Марјановиќ- Сале, од нашиот братски одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш, Република Србија, стапи во брак со неговата доживотна сопатничка Марија. Ние сите членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Македонија им посакуваме да се вечни и да се благословени и да следува многу голема рожба.