IN MEMORIAM: Боривоје Ѓоргиевски – Боре Цимерот (1949 – 2017)

boro_cimerБеше член на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес од  1965 година па до неговата смрт на 8.12.2017 год. Боре Цимерот беше човек кој што многу време посвети на одредските летни логорувања во Охрид и работата во извидничкиот центар “Охрид“. Боре долги години го раководеше извидничкиот центар во Охрид како негов управник. Многу извидници од поранешните ЈУ простори добро го познават Боре Цимерот со неговата гостопримливост и домакинско однесување во извидничкиот центар Охрид. Тој со група извидници од Велес, Кавадарци, Куманово, Штип и Охрид го издигна извидничкиот центар во Охрид на ниво кое се наоѓа и сега. Во извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес ги имаше поминато сите функции и тоа од водник, старешина на чета, началник и старешина на одред. Како приватен стопанственик редовно ја помагаше работата на одредот во реализацијата на програмските активности како во материјални така и со финансиски средства.
На прославата по повод 45 години на Старешинството на одредот Боривоје Ѓоргиевски го одликуваше со Плакета на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес. Нема зборови со кои ќе се опише работата на нашиот  драга Боре Цимер.  Почивај во мир и нека ти е вечна слава.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*