Aкција на велешките извидници – Направи Добро Дело во руралните средини на Чашка

28510924_10212748501640003_358266340_nПо повод 22 февруари –  Светскиот Ден на Извидници , Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес и  Сојузот на извидници на Македонија во периодот од 20 до 25.2.2018 год. ја со организираa  хуманитарната акција  “Направи Добро Дело – во рурална средина“, а истата траеше седум  дена. Споментата акција се состои во доделување на пакети прехранбени производи и училишен материјал и хигиенски материјали во десет семејства со социјален ризик и многудетни семејства и тоа во семејставо во недостапната рурална средина  во Општина Чашка и тоа во Мелница, Стари град, нас. Чашка и Теово. Акцијата е со подолг временски период се со цел за да може да се посетат сите десет семејства во споменатите региони каде што извидничкиот одред “Димитар Влахов“ ја реализира својата одредска програма и мобилизира и вклучува членство.28459471_10212748505200092_1126963552_n (1)

Со оваа помош која што ја доделуваме сметаме дека ќе извршиме иницирање на потреба за поголема грижа од страна на државните институции и други хуманитарни организации кон овие семејства кои ни беа целна група. Средствата обезбедени во рамките на оваа хуманитарна акција се обезбедени преку проектни активности со  Mesinger for peace.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*