66 години извидничко движење во Велес

amblemВо далечната 1948 година со законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден  8 септември во учебната 1952 / 1953 година од  тие одделенија се формира извидничкиот одред “Димитар Влахов”. Постоиме 65 години. Подготвуваjки  ја прославата по повод 60 години извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, дојдовме до фотографија  од првата група на членови од кои во учебната 1952/1953 година се формира одредот од Велес.  Основач на одредот е проф. Петар Петровски. Од самиот почеток започнуваат да се формираат  извиднички единици во сите основни училишта, а за поздравување било и формирањето на единици  во тогашните претпријатија Монопол и Механичка. ИО “Димитар Влахов“ – Велес е формиран во првата недела на месец септември  со организирањето на првата школа за водачи која што се одржува во болницат Јасеново,  а според кажувањата, а тоа е 8 Септември … Ден кој подоцна многу значи за нашата Македонија.  Да живее извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, да живее Македонија !!!

iz1

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*