65 години извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес – најстара младинска организација во Р. Македонија

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, на 10.3.2018 год. (сабота) во салата Бели мугри во Велес го одбележа своето 65 години постоење. На оваа свечена академија учество земаа голем број на активни членови, но и членови кои биле активни низ годините. На оваа свечена академија учество земаа и голем број на извиднички одреди од Република Македонија, но и братскиот одред од Република Србија, извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“.

По повод 65 годишниот јубилеј на прославата збор зеде и Старешината на Сојуз на извидници на Македонија, г-дин Огнен Стефановски. Свеченото експозе за 65 годишното работење во името на старешинството на одредот го имаше Бојан Миклош, предводникот на седмата генерација извидници на одредот.

Врз основа на член 12 од Правилникот за признанија и награди на извиднички одред “Димитар Влахов”, старешинството на одредот доделува посебно признание на нашиот брадски одред извиднички одред “Мија Станимировиќ” од Ниш – Република Србија ПОВЕЛБА ЗА БРАТСТВО. Како за потсетувае :Во изминатите 20 години 1998 – 2018 нашите два одреди и нашите два градови живееја како едно. Сето ова започна во далечната 1996 година кога на една извидничка акција во Алексинац покрај логорскиот оган започна да се плете братската приказна. Во 1997 година на отварањето на извидничкиот центар Голозинци на тогашните 18 Средби на извидници доаѓа патролата на ИО “Мија Станимировиќ“ од Ниш и тука започнаа целокупните активности за забратимување, а кое се случи на 7.3.1998 година на прославата по повод 45 години ИО Димитар Влахов. Во времето кога на овие простори дејствуваа деструктивни состојби и недоразбирања, нашите две извиднички единици се договорија да  соработуваат и да работат на унапредувањето на извиднчкиот дух, љубовта кон природата и младинските активности. Како одреди и понатуму ги надминуваме временските,територијалните и јазични бариери и понатаму без резервно ги продлабочуваме извидничките активности, се со цел да го издигнеме на највисоко ниво извидничкото братство помеѓу нашите два града Велес и Ниш, нашите две држави Србија и Македонија. Нашето збратимување беше пример дека ние во извидничката организација  како млади воопшто не ги гледавме дневно политичките ситуации и решивме да живееме заедно и да создадедеме подобар свет во кои веќе живееме 20 години. Со нашите  активности во овие 20 години братско  живеење докажавме дека можеме да ги воспитуваме младите на полето на образованието и воспитанието на младите во духот на основните принципи и методи на извидничкото движење. На свечена академија присутни беа нашите гости од Ниш од ИО “Мија Станимировиќ“ и тоа Милош  Младеновиќ, Слободан Тепавац, Александар Младеновиќ  , Душан Моравац,  Милош Ристиќ, Саша Марјановиќ, Милан Будаковиќ и Саша  Рангеловиќ. Преставникот на Европскиот скаутски регион  и член на нашиот одред, г-дин Јордан Бајрактаров   ја додели ПОВЕЛБАТА за БРАТСТВО и Благодарниците за соработка

nis_mijaВрз основа на член 3 од Правилникот за признанија и награди на извиднички одред “Димитар Влахов” УСМЕНО се пофалија следните извидници и извиднички единици :

  1. Теона Голчева
  2. Стефче Рогужаров
  3. Давид Темелковски
  4. Адријан Шопов
  5. Даниел Скубаров
  6. Дејвид Угриновски
  7. Павел Шопов
  8. Гоце Славевски Матев
  9. Патролата Јети

Врз основа член 9 од Правилникот за признанија и награди на извиднички одред “Димитар Влахов”, со ПОФАЛНИЦА на извиднички одред “Димитар Влахов“ за покажани резултати кои се однесуваат на јакнењето и ширењето на одредот, за истакнато учество на акции и успешно организирани акции и добра пропаганда на одредот се пофалија следните извидници

  1. Кристијан Јорданов
  2. Сара Нунеска
  3. Милчо Ракиџиев

Врз основа на член 8 од Правилникот за признанија и награди на извиднички одред “Димитар Влахов” со БЛАГОДАРНИЦА на извиднички одред “Димитар Влахов” за успешна соработка , поддршка и помош во развојот и унапредување на одредот се наградуваат следните институции. Без добрата соработка со основните и средни училишта од град Велес, добрата соработка со  класните раководства од училиштата кои што во секој момент ни излегуваа во пресрет допринесоа голем број на активности да бидат успешно реализирани

  1. СОУ “Јовче Тесличков”
  2. ССОУ “Коле Неделковски”
  3. СОУ “Гимназија Кочо Рацин”
  4. СОУ “Димитрија Чуповски”
  5. ООУ “Васил Главинов” – Велес
  6. ООУ “Св.Кирил и Методиј” – Велес
  7. ООУ” Јордан Хаџи Константинов – Џинот” – Велес
  8. ООУ “Блаже Конески” – Велес
  9. ООУ “Благој Кирков” – Велес
  10. ООУ “Тодор Јанев“ – нас. Чашка

Врз основа на член 4 од Правилникот за признанија и награди на извиднички одред “Димитар Влахов” за 5 годишно активно учество и развој на извидничкото движење во Велес, а кои со својата непрекината работа во последните две години допринеле за остварување на програмата за работа на одредот и совесно извршување на должностите со ЈУБИЛЕЈНА МАРАМА се одликуваа:

 

  1. Мартин Голчев
  2. Благој Ѓоргиев
  3. Кире Харалампиев
  4. Трајче Темелковки
  5. Марија Војневска
  6. Катерина Гушева
  7. Бојан Симонов

5_godini

Врз основа на член 5 од Правилникот за признанија и награди на извиднички одред “Димитар Влахов” за 10 годишно активно учество и развој на извидничкото движење во Велес, а кои се својата непрекината работа во последните две години допринеле за остварување на програмата за работа на одредот и совесно извршување на должностите се одликуваа со ПОВЕЛБА “СОНЦЕ” :

  1. Бојан Миклош
  2. Јане Јанков
  3. Иван Гушев

 

Врз основа на член 6 од Правилникот за признанија и награди на извиднички одред “Димитар Влахов” за 15 годишно активно учество  и развој на извидничкото движење во Велес, а кои се својата непрекината работа во последните две години допринеле за остварување на програмата за работа на одредот и совесно извршување на должностите се одликуваа со МЕДАЛ НА “ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД ДИМИТАР ВЛАХОВ”.

  1. Златко Ристов
  2. Благој Ѓорчевски
  3. Ангел Радевски
  4. Зоран ПАновски
  5. Димитар Јорданов
  6. Стефан Петровски

Врз основа на член 7 од Правилникот за признанија и награди на извиднички одред “Димитар Влахов” за 20 годишно активно учество и развој на извидничкото движење во Велес, а кои се својата непрекината работа во последните две години допринеле за остварување на програмата за работа на одредот и совесно извршување на должностите се одликуваа со ПЛАКЕТА НА ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД “ДИМИТАР ВЛАХОВ”.

  1. Марина Влахчев
  2. Влатко Влахчев
  3. Жаклина Гушева
  4. Богдан Маневски

 

Врз основа на член 8 од Правилникот за признанија и награди на извиднички одред “Димитар Влахов” за успешна соработка, поддршка и помош во развојот и унапредувањето на одредот со БЛАГОДАРНИЦА на одредот се одлкуваат:

  1. Градоначалник на Општина Велес, г-дин Аце Коцевски
  2. Совет на општина Велес
  3. Градоначалник на Општина Чашка г-дин Горан Стојановски
  4. Совет на општина Чашка
  5. Македонски Центар за Меѓународна Соработка
  6. Сојуз на извидници на Македонија
  7. Здружение за рурален развој локална акциона група Вардар Леадер
  8. Асоцијација за иновации во рураралната еконимија – АИРЕ Скопје
  9. Национален Младински Совет на Македонија
  10.  Аце Антевски – Скопје

Врз основа на член 8 од Правилникот за признанија и награди на извиднички одред “Димитар Влахов” за успешна соработка со БЛАГОДАРНИЦА  се одлкуваат следните институции:

  1. ИПО “Јадран” Скопје
  2. ИПО “Галеб” – Скопје
  3. ИО “Скаут” Куманово
  4. ИО “Крсте Јон” Струга
  5. ИО “ММ – Брицо” Скопје
  6. ИО “Гоце Делчев” Св. Николе
  7. ИО “Мирко Милески“ – Кичево
  8. ИО “Пионер” Охрид
  9. ИО “Браќа Миладиновци” – Скопје
  10. Прв скопски извиднички одред
  11. ИО “Башкими“ – Зајас
  12. ИО “Ластовица“ – Кочани
  13. ИО “Феникс” – Прилеп
  14. Урбана заедница “Голозинци“
  15. ЈП “Лисиче“ Велес
  16. ТРД Роби – Телекабел Штип
  17. ХТЛ Македонија Скопје
  18. Пескара Вел Велес
  19. Вел Сити Груп Велес
  20. Ива 2003 Велес
  21. Агро линк Чашка
  22. Сашко Сарагинов
  23. Адвокат Владимир Вељанов
  24. Адвокат Дине Ајцев
  25. Адвокат Марко Димов
  26. Адвокат Душко Петров
  27. Адвокат Петар Ефремов
  28. Адвокат Тодор Димов
  29. Адвокат Васил Тодоров
  30. Адвокат Трајче Трајковски
  31. ПП Драганов Велес
  32. Пекара На Коше
  33. Печатница Графикс плус
  34. Рибник ресторан Оморани
  35. Гостилница Велешка куќа
  36. Гостилница Снупи
  37. Гостилница Серенада
  38. ТВ Канал 21
  39. Радио 5ФМ
  40. duma.mk
  41. kineziologija.mk
  42. tirekovmirece.mk

 

Во рамките на прославата по повод 65 години извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес беше распишан литературен и ликовен конкурс за осбовните и средните училишта во Велес и тоа на тема Извидникот и природата.

Во категоријата литературни текстови за основно образование најдобра е творба на:

Теодора Панова 4-1 одделение во ООУ “Васил Главинов“

Во категоријата ликовни творби за основно образование најдобра е творба на:

Прво место:  Елена Ивчева ООУ “Блаже Конески“ Велес со менторот: Ирена Илиќ

Второ место: Анастасија Ѓошева ООУ “Св.Кирил и Методиј“ Велес

Ментор: Васил Гаврилов

Трето место: Филип Збутаков ООУ “Св.Кирил и Методиј“ Велес

Ментор: Васил Гаврилов

Во категоријата литературни текстови за средно образование најдобра е творба на:

literaturen konkurs

Прво место Сара Николова СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ Велес

Ментор: Магдалена Сарагинова

Второ Место: Тамара Велкова СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ Велес

Ментор: Магдалена Сарагинова

 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>