Старешината на велешките извидници член на “Пријатели на извидниците во Европа- FOSE“

Во рамките на Европската Младинска Академија која што се одржува во Скопје од 30.10 до 4.11.2018 година, Европската скаутска фондација (EСФ) и Европскиот скаутски регион – WOSM, на 2.11.2018 год. (петок) во хотелот Континентал орагнизираа презентациија на реализирани проекти кои се поддржани од Пријатели на Скаутизмот во Европа (FOSE) која што се дел од фондацијата. На оваа презентација старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев ги презентираше реализираните проекти кои се поддржани од ЕСФ, а воедно со донирање на сопствени финасиски средства тој стана и член на Пријатели на Скаутизмот во Европа (FOSE). Сертификатот за ченство и официјалната значка на организацијата му беше доделена од страна на Кевин Камилери, претседавач на Европскиот скаутски комитет и Јорген Расмусен, почесен претседавач на на Европската скаутска фондација.


Покрај старешината на нашиот одред уште осум извидници од Сојузот на извидници на Македонија постанаа челнови на Пријатели на Скаутизмот во Европа (FOSE).
Инаку Мисијата на Европската извидничка (скаутска) фондација е:
– да обезбеди финансиска поддршка за развојот на извдништвото во Европа, со главен акцент на проектите на националните извиднички организации во Централна и Источна Европа.
– да се развијат пријателите на извидници во Европа како средство за собирање на финасиски средства за поддршка на извиднички проекти.

Орагнизацијата Пријателите на извидништвото, делувајќи како амбасадор, исто така, помагаат да се регрутираат извидници преку нивните лични контакти и експертизи.
Орагнизацијата има за цел да ги зголеми фондовите за донации со цел да се обезбеди финансиска поддршка за други активности на европскиот извиднички регион, како што се семинари, настани, публикации и оперативна поддршка.

Европска извидничка фондација е раководена според швајцарскиот закон за фондации, ослободен од сите швајцарски даноци, а управуван од Одборот на фондацијата во целосна соработка со Европскиот комитет за извидници на Светската организација на извидништвото (WOSM).

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.