Школа за вештини и вештарства

vestИзвидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, остварувајќи ја  својата програма за работа за  2014/2015, ја реализираше  Школата за вештини и вештарства. Школата се одржа од 8-11.1.2015 год. во извидичкиот центар “Голозинци“. На оваа обука учество земаа 30 извидници кои успешно ги совладаа следните пет вештарства: прва помош, кувар, коначар, спорт и курир.Со оваа школа и системот  на одредски школи за водачи на патроли и јата,  нашиот одред ја започнува  практиката на реализирање и  совладување на програмата за работа во вертикала (младинскапрограма) и по хоризонтала (вештините и вештарствата). Извидниците од Велес искажуваат и голема благодарност до Генералниот секретар и канцеларијата на СИМ за несебичната поддршка во обезбедувањето на ознаките за усвоените вештини и вештарства.   На оваа школа  учество земаа и дваесетина извидници сениори  кои што во целост дадоа подршка во организацијата на овој  настан.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>