Хуманитарна акција на велешките извидници – Направи Добро Дело

dobrodelo1По повод 22 февруари –  Светскиот Ден на Извидници , Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес и  Сојузот на извидници на Македонија на 12.2.2017 год. (недела) ја започнаа со организирање хуманитарната акција  “Направи Добро Дело“, а истата ќе  трае во наредните десет дена. Споментата акција се состои во доделување на пакети прехранбени производи и училишен материјал и хигиенски материјали во десет семејства со социјален ризик и многудетни семејства и тоа во пет семејставо во  Велес, три во Чашка и две во Лозово. Акцијата е со подолг временски период се со цел за да може да се посетат сите десет семејства во споменатите региони каде што извидничкиот одред “Димитар Влахов“ ја реализира својата одредска програма и мобилизира и вклучува членство.
Со оваа помош која што ја доделуваме сметаме дека ќе извршиме иницирање на потреба за поголема грижа од страна на државните институции и други хуманитарни организации кон овие семејства кои ни беа целна група. Средствата обезбедени во рамките на оваа хуманитарна акција се обезбедени преку проектни активности со  Цивика Мобилитас Швајцарска Развојна Агенција.

dobrodelo3

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>