Успешно реализирани активности

Успешно реализирани активностите од проектот „ Младински еко-етно рурален туризам“, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2014 преку : Здружени сили за заеднички интереси кој се имплементира од ЦОСВ-Комитет на организациите за волонтерски услуги Прилеп, во партнерство со ЦГИ – Прилеп и АНТИКО – Скопје.

DSC03884  DSC03900
Проектот во целост ја исполни општата цел , зајакнување на влијанието на граѓанското општество во унапредувањето на односите во заедницата преку партиципативна демократија. Имплементацијата во Општина Чашка како селектирана општина со мултиетничка заедница допринесе во поддршка на процесот на градење на доверба во заедницата преку согледување на заедничките интереси на заедницата при тоа стимулирајќи

42996779_1834190586629668_2522588014115291136_n  42921976_485846608561817_6696202486635560960_n

акции на локалните заедници за учество во процесите на донесување на одлуки на локално ниво и воедно зајакнувајќи ги капацитетите на локалните граѓански организации во анализа и застапување засновано на докази преку вмрежување на засегнатите страни.Со завршниот тродневен камп во Извиднички центар Голозинци каде учество земаа 63 млади лица од кои  35 машки и 28 женски лица. Имено активностите на  проектот директно придонесе кон  подигнување на свеста за стереотипите во заедницата, активности за вмрежување со посебен акцент на младите и еднаков пристап за учество во јавниот живот.

DSC03916   DSC03947

Се овозможија и мали  инфраструктурни подобрувања за туристичките целни подрачја со поставување на урбана опрема , 5 клупи и 6 контејнери за цврст отпад во Горно Врановци и Горно Јаболчиште.

DSC03886   DSC03894

Проектот„ Младински еко- етно рурален туризам се имплеметираше од страна на Здружение на граѓани Еколошко друштво АМБИЕНТАЛИСТИ село Горно Јаболчиште со партнерство на Извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес и Младински форум Чашка.

DSC04147  DSC03788     Партнерството  дава видливи резултати и можност да се придонесе кон подобрување на животот во локалната заедница. Продолжуваме да соработуваме и остваруваме заеднички активности за младите лица од Чашка и Велес.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.