Успешна реализација на проектот “МЛАДИТЕ ВО АКЦИЈА “

Извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес успешно го завшува проектот „ Младите во акција“, кој е   финансиран од ЦИВИКА МОБИЛИТАС  АД ХОК Грантови .  Имено преку проектот се реализираа следните активности и тоа се креираше брошура „ Профил на Општина Велес и Чашка“ , се организираше три дневен камп со идеи за бизнис и развој на мало стопанство, се остварија средби со бизнис секторот и институциите кои функционираат на регион Велес и Чашка, како и со здруженијата на граѓани и дебата на млади Б2Б средби и форуми.

Со имплементација на проектот на локално ниво се придонесе кон зајакнување на влијанието на граѓанското општество во унапредување на условите за развој на вработување на младите во Велес и Чашка, се изврши промоција и развој на младинско претпримеништво, се придонесе кон интегрирање на млади претприемачи и се остварија активности на локално ниво во соработка со бизнис секторот и локалната самоуправа, се едуцираа и стекнаа со вештини младите и се промовираа успешните бизнис приказни.
Заедничко дејствување и градење на доверба како и препознатливост помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор е неопходно се со цел да се  подигне свеста на младите дека имаат свое место во заедницата.

Неопходно е да се создаде пракса за воспоставување на редовни средби на локалните самоуправи со претставници на здруженијата на граѓани и бизнис секторот, да се воведе мерка позитивни искуства на препознатливи претприемачи со цел да се поттикнат и охрабрат младите и воедно останат во градот и државата.

Само со заеднички сили ќе се надминат проблемите и потребите на младите преку поттикнување на вработувањето и самовработувањето со подобрување на меѓуетничките односи  на локално ниво со што директно ќе се придонесе кон намалување на миграциите.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>