Уредување на отврорен простор за анимација и логорување на млади во село Голозинци – Општина Чашка

 

kaver

Мрдни со прст! Потстани, погледни околу себе.Сето тоа што го гледаш, може да добие и твој печат! Печат на твојата визија, твојот сон, твојот дух. Инаку сето тоа што го гледаш, ќе остане токму какво што било пред 24 години на пример. Инаку и во општина Чашка, младите и понатаму ќе се дружат само преку месинџер и вајбер и ќе се задлабочуват во сериозните теми како таа да ли вајбер е вајбер или вибер, вибер или вајбер, бидејќи квалитетен простор за дружење НЕ – МА! Нема. Санела ќе ја знаеше Драгана само по селфито со, нели, усничките лимон-собрани во демек-бакнеж и појма ќе немаше дека извидничката марама ТОП Ѝ оди со очите.  Платформата Мрдни со прст е иницијатива и место, виртуелно и физичко, каде и ти можеш да бидеш дел од промената што сакаш да ја видиш во општеството. Чесен извидинички збор! Ние од Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ сме сведоци. Заедно со „Мрдни со прст“, „голото“ во Голозинци ќе го култивираме низ неколку акции:

– Градиме летна училница која ќе се користи и за неформални активности за сите млади од општина Чашка (Богомила, Извор, Горно јаболчиште, Горно Врановци, Мрлница). Треба ли да напоменуваме дека и сите други се добредојдени?!

– Го санираме и создаваме камперскиот простор со монтирање на подвижна електрична инсталација за осветлување.

– Градиме чудесна капија со посматрачница во извидничкиот центар Голозинци, како битен извиднички елемент на еден современ камперски простор.

Додека сме кај виберите и мобилните… Google-ни „MOБA“. Википедија опишува некоја небулоза за Multiplayer Online Battle Area, а всушност, МОБА е народен обичај на взаемно возвраќање услуга најчесто во големите селски работи. Така ќе го култивираме и овој комплекс. Со извидничка методологија за волонтерско помагање. Просторот е создаден за тебе и во него си секогаш добредојден.  А ако докторот ти забранил да фрлаш лопати, дојди, фрли поглед. Важно е да сме на ист battlefield за од иста страна да ја буткаме раката на рамнодушноста!

Иницијативата е дел од кампањата „Мрдни со прст“ која има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.

Сето ова ќе се случи на 7.5.2017 година (недела) во извиднички центар “Голозинци“

 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>