Тренинг за тренери во организација на СИМ

Во периодот 15-18.08.2019 год. се одржа Тренинг за тренери во организација на СИМ и тоа во извидничкиот центар “Крсте Јон“ во Струга, на кој учество земаа извидници од Скопје, Штип, Куманово, Кичево и Прилеп, меѓу кои беше и извидникот Благој Ѓорѓиев од извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес. Тренингот беше предводен од страна на Јордан Бајрактаров, извидник од Велес, моментално вработен во WOSM. На оваа обука извидниците ги проширија своите знаења за што поточно претставува еден тренинг, тренер, кои се неговите улоги и кои се карактеристиките на добар тренер.

Тие исто така се запознаа со различните стилови на учење и со тоа како различни карактери, различни луѓе имаат различни начини на учење кои се ефективни за нив, што им помогна на извидниците да сфатат како полесно да го пренесат своето знаење на нивните патроли. Понатаму водачите се здобија со знаење во областа на презентацијата, вербалната и невербалната комуникација и подготовка на програма за тренинг/обука. Тренингот заврши со тоа што сите извидници, сегашни или идни водачи беа поделени во парови при што изработија пограма за обука и ја презентираа пред фасцилитаторот на овој тренинг. Извидниците поминаа прекрасно време со своите врсници и се вратија во своите одреди полни со знаење и желба за работа.

Благој Ѓорѓиев

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.