Среќна Нова 2017

cestitka-sajt

Почитувани,
годината 2016 која што заминува беше година во која што нашиот одред “Димитар Влахов“ како најстара млдинска органзација во Република Македонија, на свет донесе уште две пишани извиднички дела и тоа: “101 Идеја за Логорување“ и “Тајните на рачната бусола М-53“, првата напишана од Влатко Влахчев , а втората од Бојан Миклош. Во оваа 2016 ги организиравме XXX и XXXI Средби на извидници Велес 2016, повторно четири дена пловевме со Вардарската рега “Гемиџии“, учествувавме на голем број на одредски натпревари каде што бевме први, втори, трети … (Скопје, Кичево, Градовци), учествувавме на Европскиот симпозиум, учествуваме и на уште многу други активности кои што се во рамките на неформалното образование на младите. Организиравме отворен ден со извидниците во Велес – Извидничкио караван, земавме учество на акцијата Средбата на Брѓани на поранешна ЈУ во Охрид. Ги продолживме активности со Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија и тоа активности во рамките на проктот за расчистување, уредување, бележање, маркирање, поставување на инфо рабли, мапи и патокази на рекреативни, пешачки и планинарски патеки во Р. Македонија ја формиравме планинарската патека “Нова Македнија“ на релација Голозинци – Лисиче – Горно Врановци и уште пет патеки во реонот на Мокрени. Учествуваме на 41 Меморија “Чика Драги во Ниш во организација на нашиот братски извиднички одред “Мија Станимировиќ“ и на вториот Куп на извидничко пријателство каде што бевме трети на ниво на поранешна ЈУ. Тука беа и Летните извиднички игри Голозинци 2016. Покрај вардарското пловење земавме повторно учество и на Савската регата во Шабац. Учествуваме на обука за волонтерско работење и граење на капацитете за младински активности , снимавме за МТВ со Илина Арсова во рамките на емисијата “Ја сакам Македонија“,
Помагавме на локалната заедница во Општина Велес и Општина Чашка и тоа: пошумувавме за време на Ден на дрвото. Го организиравме младинскиот камп “Младите и општеството“ , информиравме, позитивно критикувавме… волонтиравме и го поддржувавме волонтерското работење . И на крај мораме да споменеме дека во оваа 2016 година засекогаш не напушти и еден од легендите на извидничкото движење во Велес, нашиот драг извидник  Кочо Јовано … чичко Кочо. Во годината која што доага е дел од седмата деценија од постоењето на извиднички одред “Димитар Влахов“…, влегуваме во прославата по повод 65 години извидништво во Велес. А во новата 2017 година повторно ќе останеме на определбата за воспитување и образование на младите од Велес преку реализирањето на нашата одредска програма и младинската програма на СИМ се со цел да придонесеме во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството. Ке продолжиме со активности кои што извидништвото го прават современо, атрактивно и самоодржливо кое ќе ги обединува млади луѓе преку неговите привлечни и динамични работни активности.
Сакам да се заблагодарам на сите извиднички одреди за коректната и максимално добрата соработка со нашиот одред. Покрај ова сакам да се заблагодарам на Градоначалникот и на Советот на Општина Велес и сите институции кои безрезервно ни дадоа поддршка во реализацијата на сите програмски активности кои беа реализирани од наша страна.
И за крај, старешинството и советот на водачи на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес на сите членови на извидничката организација во Македонија, на сите родители, на сите пријатели и поддржувачи на извидничкото движење, им ги честита Божикните и Новогодишните празници.
Нека ни е честита Новата 2017 година. Да живее ВЕЛЕС, да живее РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА да живее ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД “ДИМИТАР ВЛАХОВ“.

Старешина на ИО “Димитар Влахов“
м-р Ангелче Гушев

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>