Среќна Нова 2016 и весели Божикни празници

snowman_christmasПочитувани,
годината која што заминува беше година во која што нашиот одред “Димитар Влахов“ како најстара млдинска органзација во Република Македонија, организиравме Школа за вештарства во ИЦ Голозинци. Во оваа 2015 година бевме вице шампиони на  највисокото државно извидничко натпреварување ДИОН 2015  во Градовци , повторно четири дена пловевме со Вардарската рега “Гемиџии“,   учествувавме на  голем број на одредски натпревари каде  што бевме први, втори, трети … (Скопје, Кичево, Градовци), учествувавме на првиот форум на извидници ровери во Белград,   учествуваме и на  уште многу други активности кои што се во рамките на неформалното образование  на младите. Организиравме отворен ден со извидниците во Велес, земавме учество на акцијата Средбата на Брѓани на поранешна ЈУ во Делиблатска пешчара – Република Србија. Ги продолживме активности со Агенција за  промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија и тоа активности во рамките на проктот за расчистување, уредување, бележање, маркирање,  поставување на инфо рабли, мапи и патокази на  рекреативни, пешачки и планинарски патеки во Р. Македонија ја формиравме планинарската патека “Нова  Македнија“ на релација Голозинци – Лисиче – Горно Врановци и уште пет патеки во реонот на Мокрени.  Учествуваме на 40 Меморија “Чика Драги во Ниш во организација на нашиот братски извиднички одред “Мија Станимировиќ“. Тука беше и дводневниот бивак со преживување Војница 2015, а и обуката на мегународниот трениг за лидери заедно со данските извидниц кои се одржа во Скребатно – Охрид . Покрај вардарското пловење земавме учество и на Савската регата во Шабац, ги организиравме 29 Средби на извидници Велес – Голозинци 2015 … Учествуваме на обука за волонтерско работење во Малта, снимавме со ТВ Канал 5 во рамките на Вардарска регата и на МТВ со Илина Арсова во рамките на емисијата “Ја сакам Македонија“, присуствуваме на VI Европскиот извиднички симпозиум
Помагавме на локалната заедница во Општина Велес и Општина Чашка и тоа: пошумувавме за време на Ден на дрвото. Горди сме големат помош која ја дадовме  во поплавените подрачја во Велес со наши  одредски членови како и со опрема и гумени чамци, работевме, информиравме,  позитивно критикувавме… работевме на промоција на туристичкиот потенцијал на Вардарскиот плански регион… волонтиравме и го поддржувавме волонтерското . Во годината која што доага е дел од  седмата деценија од постоењето на извиднички одред “Димитар Влахов“…  А во новата 2016 година повторно ќе останеме на определбата за воспитување  и образование на младите од Велес преку реализирањето на нашата одредска  програма и младинската програма на СИМ се со цел да придонесеме во  образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз  Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет,  каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна  улога во општеството. Ке продолжиме со активности кои што извидништвото го  прават современо, атрактивно и самоодржливо кое ќе ги  обединува млади  луѓе преку неговите привлечни и динамични работни активности.
Сакам да се заблагодарам на сите извиднички одреди за коректната и  максимално добрата соработка со нашиот одред. Покрај ова сакам да се заблагодарам на Градоначалникот и на Советот на Општина Велес и сите институции кои безрезервно  ни дадоа поддршка во реализацијата на сите програмски активности кои  беа реализирани од наша страна.
И за крај, старешинството и советот на водачи на извидничкиот одред  “Димитар Влахов“ од Велес на сите членови на извидничката организација  во Македонија, на сите родители, на сите пријатели и поддржувачи на  извидничкото движење, им ги честита Божикните и Новогодишните празници.
Нека ни е честита Новата 2016 година. Да живее ВЕЛЕС, да живее РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА да живее  ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД “ДИМИТАР ВЛАХОВ“.

Старешина на ИО “Димитар Влахов“
м-р Ангелче Гушев

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>