Средба со Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Славчо Чадиев

site_cadiДелегација  на извидничкиот одред „Димитар Влахов“, на 24.2.2016 год. (среда) беше примена од градоначалникот Славчо Чадиев. На средбата нашите извидниците го запознаа градоначалникот г-дин Славчо Чадиев со активностите и плановите за оваа година, како и неодамнешната промоција на новиот прирачник „101 идеја за логорување“, дело на извидникот Влатко Влахчев, кои беше промовиран во рамките на прославата по повод 22-ри февруари – Светскиот ден на скаутизмот.

Градоначалникот Чадиев ја истакна подготвеноста на Локалната самоуправа во рамките на своите можности, да ги помогне активностите на извидничкиот одред „Димитар Влахов”, како невладина организација која го развива и негува позитивниот однос кон природата и татковината.

Како дел од одбележувањето на празникот, а врз основа на Правилникот за признанија и награди на Извиднички одред “Димитар Влахов” за успешна соработка, поддршка и помош во развојот и унапредувањето на одредот на градоначалникот Славчо Чадиев и на Општина Велес им беа доделени благодарници.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*