Санација на дел од пат во село Голозинци

image-a74b328ac838704b99335d2663e5d5101eeab5293b0cab5b597c8bc32581b235-VМесното население од село Голозинци и членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес интензивно работеше на санација најкритичното место на влезот во селото. Имено во должина од 250 метри поставија шљунак (појадра песок) со што се потп  олни најоштетениот дел од патот. Овој пат е единствен приод во селото кој го користат месното население до своите домови како и со механизацијата се со цел обработка на земјоделското земјиште.Населението од село Голозинци се занимава со прозводство на ориз. Воедно во селото функционира и Извидничкиот центар кој претставува место за едукација на извидниците и воедно оддржување на активности од програмата за работа.
Патот беше оштетен во најголем дел од дождовите и беше имаше потребно итно да се санира.Мештаните со сопствена мехнаизација и работна рака го поставија шљунакот.
Со поддршка на Општина Чашка и Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ Велес се обезбеди механизација од страна на ЈП „Македонија Пат“. Стручното лице со ваљак го наби шљунакот се со цел да се не image-bf10c7940e590272d1aaf4b7e75752b1eaf6fad0f1adf1f353d8b3bd591aa35d-Vоднесе со дождовите, а воедно се обезбеди и безбедно движење на жителите како и посетителите кои имаат … свои викендици во село Голозинци.
ЈП „Македонија пат“ секогаш излегува во пресрет при што обебзедува подобар квалитет на живот во населените места со санација, реконструкција на патната инфраструктура .
Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ Велес функционира на територија на Општина Чашка преку имплементација на своите активности како и активно функционирање на Извидничкиот центар во Голозинци. Заедничкиот пристап на месното население со институциите секогаш дава позитивен резултат и е основен предуслов за задоволување на потребите за подобрување на квалитетот на живот во населените места. На територија на Општина Чашка се вкупно 42 населени места и континуирано се залагаме за подобрување на условите за живот и спречување на миграцијата село-град

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>