Успешно реализирана Школата за водачи “Зелениот Еди“

м1Почитувајќи ја глобалната стратегија за обука на кадри на СИМ, извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес ќе ја организира на Школи за водачи на патроли – Зелениот Еди XII. Оваа републичка школа за обука на водачи се организираше во периодот од 18 до 21.10.2018 год., во ИЦ “Голозинци“ во истоименото село во Општина Чашка. Организаторот на школата се потруди да секој учесник добие: единствениот печатен прирачник во СИМ за обука на водачи – “Водач на патрола“, патролен дневник, марама, амблеми на школата, бележник со останат печатен материјал. На оваа школа за обука на водачи на патроли учество земаа 18 извидници од следните извиднички одреди и тоа: ИПО “Јадран“ од Скопје , ИО “Феникс“ од Прилеп, ИО “Димитар Влахов“ од Велес и извидници од иницијативата за формирање на извиднички одред во населба Чашка.

Се работеше по следната програма:еди1– игри за запознавање, поделба по патроли, изработка на патролна симболика
-очекувања од школата/ што знам, што сакам да знам?
-извидничка Фамилија (региони, WOSM)
-патролен колектив (симболика, дружински и одредски дух
-структура на Сојуз и Структура на Извиднички Одред
-ликот на водачот
-извиднички метод
-униформа и ознаки,
-завет и закони, принципи  еди3-планирање на патролна средба
-методи и форми на работаеди2
-панел дискусија на тема „Извидникот во општеството“
-презентација на програма „Компас“
-планирање на месечен, тромесечен и годишен план по категории
-излет/ бивак/ логор
-хајк
-методологија на презентација
-презентирање на месечни, тромесечни и годишни планови
-духовност
-писмо до самиот себеси

Тимот кои што работеше на оваа школа беше следниот: Ангелче Гушев, Бојан Миклош, Влатко Влахчев, Јордан Бајрактаров, Јане Јанков и Александра Бошковска.
Со учесниците и коначарската едници која што ја опслужуваа школата целосно учество на школата беше претставено со 40 учесници на истата.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*