Проект “Младински еко-етно рурален туризам“

EU za tebe mkЗдружение на граѓани Еколошко друштво АМБИЕНТАЛИСТИ с Горно Јаболчиште Чашка со партнерите Извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес и Младински форум Чашка започнуваме со реализација на проектот „ Младински еко-етно рурален туризам“.  Општа цел на проектот е зајакнување на влијанието на граѓанското општество во унапредувањето на односите во заедницата преку партиципативна демократија, промовирање на вредноста на заедничката одговорност за преземање на акции кои се од важност на локалната заедница.
Специфични цели на проектот :
–    Поддршка на процесот на градење на доверба во заедницата преку согледување на заедничките интереси на заедницата
–    Да се стимулираат акции на локалните заедници за учество во процесите на донесување на одлуки на локално ниво
Целна група на проектот се млади средношколци од мултиетничка припадност  на возраст од 16 до 18 години, како и млади лица до 25 години од Велес и Чашка .

Со реализација на проектот ќе се добијат следните резултати :
– идентификувани и развиени локални производи за развој на туризмот во регионот на Регионот на Општина Чашка на потегот Чашка – Голозинци – Лисиче – Хидро систем Лисиче – Г.Врановци – Дреново- Долно Јаболчиште- Горно Јаболчиште и географскиот центар на Македонија
– промовирани сместувачки капацитети за туризам и пешачки патеки на територија на Општина Чашка
– промовирани потенцијалите за развој на туризмот во Чашка
– подобрена туристичка инфраструктура и зачувана животна средина

ГЛАВНИ АКТИВНОСТИ:
-Организација на почетни настани за одбележување на почетокот на проектот
-Мапирање и селекција на атрактивни локлани туристички можности
-Локална промоција на туризмот како економска туристичка дестинација преку веб страната на Извиднички одред „ Димитар Влахов “ Велес www.scoutveles.org.mk
-Мали инфраструктурни подобрувања за туристичките целни подрачја на (македонски и албански јазик)
-Инфо табли за информација на посетителите на Чашка    (географски центар на Македонија ) табли во Горно Врановци со информации за спомен обележјата,  како и информативни табли во Горно Јаболчиште, Долно Јаболчиште , 5 клупи, 6 контејнери за подобрување на животната средина во Горно Врановци и Горно Јаболчиште
– Организирани два викенд прошетки за млади од Чашка  со цел „ Запознавање на убавините“  ПРОМОВИРАЈ ЈА ЧАШКА, СЕ ПРОМОВИРАШ И СЕБЕ СИ
-Заедничките викенд прошетки ќе придонесат кон подигнување на свеста за стереотипите во заедницата, активности за вмрежување со посебен акцент на младите и еднаков пристап за учество во јавниот живот
-Организирање на младински камп од три дена во Извиднички Центар  Голозинци
Проект е регрантиран во рамки на проектот „ Здружени сили за заеднички интереси“ финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско опшество и медиуми 2014 , имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје.
Во периодот од  26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, се одржа тренинг наменет за нас, организациите кои сме корисници на малите грантови во рамкиEU za tebe mkте на овој проект.
Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Како претставници ги продлабочивме своите знаења од областа на менаџирање и администрација на проектниот циклус како и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Сите информации за проектот може да ги добиете на официјалната веб страна на проектот http://jointforces.eu

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*