Прв форум на ровери на извидниците од Западен Балкан

rover2Во период  од 6-8.2.2015 год., на Авала во Белград Р. Србија  за прв пат се организираше форум на ровери на извидниците од Западен Балкан. На овој форум учество земаа делегации од извидничките сојузи на Македонија, Србија, Босна и  Херцеговина и Словенија.  На оваа тридневна средба се организираа повеќе темстки сесии на кои се разговараше за: работата на роверите во нивните одреди, кои особини  и вештини роверот ги стекнува со тек на работа во извидништвото и како тие вештини  му помагаат во текот на животот и како младите ровери можат преку извидништвото да влијаат и да го менуваат своет о општество. Исто така  имаше презентација за програма наменета за користење на националните сојузи. Имено преку оваа програма ќе се олесни работата со  управување со податоците  за членството и активностите на одредите. Членовите на овој форум ги презентираа и своите одредски и национални  активности во изминатиов период. Делегацијата на СИМ беше составена од три  извидници од  извиднички одред “Димитар Влахов“ -Велес, ИПО “Јадран“   и ИО “ММ-Брицо“ од Скопје. Учесник од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес  беше Јане Јанков.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*