Почит кон славните Гемиџии – 115 години од нивното дело

Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Трајче Темелковски, Кристијан Јорданов  и Иван гушев на 30.4.2017 год. (понеделник) се поклонија пред ликот и делото на Гемиџиите, a по повод 115 години од Солунските атентати. На споменикот подигнат во нивна чест во близина на мало мовче, делегации положија свежо цвеќе.

Пред присутните се одржа и говор во кој беше потенцирано големото историско значење кое го имаат Гемиџиите. Под мотото „Се арчиме за Македонија“ солунските атентати ги изведоа: Јордан Поп Јорданов – Орцето, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов, Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов, Георги Богданов, Тодор Богданов,Тодор Органџиев и Цветко Трајков.

Gemidzii_115_3

Целта на овие напади кои се извршени од 28-ми април до 1-ви мај 1903 била да се нападне најзначајниот европски град во Османлиската Империја за да се привлече вниманието на големите сили врз македонското прашање. Овогодинешното чествување по повод 115 годинишнината од Солунските атентати  од се одржа под мотото “Поарчени за Македонија“.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*