Помош во поплавените места во Велес

vardar1Во соработка со кризниот штаб на Општина Велес, по излевањето на реката Вардар кај Велес и поплавувањето на населбите Шорка и Речани, на 7.2.2015 год.(сабота) членови  на извидничкиот одред “Димитар Влахов“- Велес и Здружение Вардарска регата “Гемиџии“ извршија извлекување на повекемина лица и евакуираа неколку семејства.  Освен викенд куќите, под вода во месноста Шорка се и индустриски капацитети. Исто така и од тие капацитети се извлекуваа вработените лица. Со излевањето на реката Вардар мештаните беа затекнати од високиот водостој на реката. На самото место дојде и Градоначалникот на Велес кои изјави  “Состојбата засега е под контрола.  Внимателно ја следиме оваа ситуација и сме подготвени да интервенираме за било  што во наредниот период. Постојаниот порас на водостојот беше причина полицијата да го затвори за сообраќај мостот кај Башино Село.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>