Поклонување пред славните Гемиџии

scout1Се арчиме за Македонија“, со оваа мисла пред 113 години Гемиџиите ги дале своите животи за татковината. Денеска вторник, 26.4.2016 год. се одбележува годишнината од Солунските  атентати реализирани во 1903-та година.  Со делата што ги  оставија зад себе и херојскиот подвиг да се жртвуваат за слободата на Македонија, Гемиџиите, се пример за сите Македонци. Нивната порака „Се арчиме за Македонија“ и атентатите во Солун, во кои никој друг граѓанин не загина,а оштетени беа Отоманската банка, брод, летниот театар,  два хотели, гасоводната и водоводната  инсталација како и  обид за атентат над солунскиот валија го свртеа вниманието  на Европа за македонското прашање. Гемиџиите со своето дело  оставија голем аманет на генерациите кои доаѓаат по нив за да ја продолжат борбата против многу бројните поробувачи на  Македонија кои се менуваа по пропаста на Отоманската империја.  Борбата на Гемиџиите и генерациите кои доаѓаа по нив резултираше  со создавање на денешна Република Македонија Сто и тринаесетата  годишнина од херојскиот подвиг на групата млади Анархисти,  сите Македонци и најголем дел од нив велешани,  нивните сограѓани ја одбележаа пред споменикот  подигнат во нивна чест во Велес. На култното место Мало мовче во Велес делегации на  Општина Велес, на политички партии,  институции и граѓански здруженија положија свежо цвеќе.  Потоа беше посетен и гробот на најмладиот Гемиџија,  Милан Арсов во селото Ораовец и споменикот на Гемиџиите во Скопје. Во рамките на оваа прослава  делегација на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ја  сочинуваа Љупчо Кузманоски, Лазар Каргов и Трајче Темелковски  кои воедно и положија свежо цвеќе.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>