Познатите дејци од село Папрадиште

andreaОвие денови во организација на Општина Велес со соработка на Асоцијацијата на архитекти на Македонија и Архитектонската академија се одбележаа 205 години од раѓањето и 140 години од смртта на големиот балкански архитект и градител Андреа Дамјанов кои го посетија неговото вечно почивалиште во црквата Св. Великомаченик Пантелејмон.
Андреја Дамјанов (1813 – 1878) е еден од најголемите градители на сакрални објекти на Балканот. Роден е во село Папрадиште, Општина Чашка во семејство на познати мијачки градители. Со своите браќа, мајсторот Андреја градел цркви во Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и други земји на Балканот. Неговата градителска умешност била забележана и во Европа, особено од патеписците кои Андреја го споменуваат како вреден и ценет мајстор. Неговите цркви се сметаат за бисери на сакралната архитектура на Балканот. При изградбата на црквите кои ги решавал како тробродни базилики со полуцилиндречни сводови, Дамјанов особено внимавал на акустиката во ентериерот на црквата како и на декортивните елементи на столбовите кои се белег на неговите градби. За негова најубава и неповторлива градба се смета соборниот храм „Св. Великомаченик Пантелејмон“ во Велес, изграден во 1840 година. Дамјанов е градител на црквата во манастирот “Св. Јоким Осоговски“ кај Крива Паланка како и на црквите „Св. Богородица“ во Ново Село, штипско и „Св. Архангел Михаил“ во Чичево. Во Србија ги изградил црквите „Св. Илија“ во Печењевац, „Св. Ѓорги“ во Смедерево, соборната црква во Ниш како и соборната црква во Сарево. Тој ја завршува и градбата на црквата во Мостар. Андреја Дамјанов се смета за ненадминлив градител на сакралани објекти на Балканот.
Во Папрадиште во дворот на црквата Св Петар и Павле се наоѓа спомен собата посветена на дејците кои потекнуваат од познатото Папрадиште,  Димитар Андонов Папрадишки( 1859- 1954) познат како последниот македонски зограф и првиот македонски сликар. Димитрија Чуповски ( 1878- 1940) кој со својата долгогодишна дејност се насочува кон независност на Македонија, нејзино национално осознавање и осамостојување издвоен како најистакнат претставник на македонската национална мисла.

Ѓорѓи Јаковов Зографски( 1871- 1945) , доследен следбеник на творештвото на Димитар Андонов Папардишки со кого заедно го започнуваат новиот период во развојот на ликовната уметност во Македонија.
Зографски стекнал голем авторитет на сликар, кој покрај црковното, полека почнал да го негува и профаното сликарство. Неговиот авторитет и слава достигнуваат врв во 1932 година, кога во дневниот печат биле објавени повеќе текстови за неговиот живот и творештво. За неговиот придонес во областа на црковното сликарство Зографски бил одликуван со орден на св. Сава. Од 1935 год, па се до крајот на својот живот постојано живеел во Велес. Сликал главно икони за селските цркви во оклината на Велес, но и портрети на негови блиски роднини и пријатели. Починал 1945 год, со неговото име завршува творечкиот период на родот кој повеќе од два века бил двигател на уметничкиот живот на само во Македонија туку и пошироко на балканските простори.

Промоцијата на населените места во Чашка, сместувачките капацитети, е активност од проектот „ Младински еко-етно рурален туризам„ кој се имплементира од страна на Здружение на граѓани Еколошко друштво АМБИЕНТАЛИСТИ село Горно Јаболчиште Чашка , Извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес и Младински форум Чашка. „ Младински еко –етно рурален туризам “ е регрантиран преку „Здружени сили за заеднички интереси”, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско опшество и медиуми 2014, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>