Патролна соработка

vidriЧленовите на женската патрола “Видри“ при извидничкиот одред “Димитар Влахов“- Велес, на 20.12.2014 год. (сабота) го посетија извидничко-поречанскиот одред “Јадран“ во Скопје и одржаа меѓупатролна средба на која што извидниците од двата одреди разговраа за понатамошните заеднички активности. Во мегудругото извидниците на двата одреди разговаараа за начинот на водење и работата со помладите категории, а воедно и планирање на активности за категориите на извидници кои што пристапуваат во извидничката организација. Со оваков вид на меѓупатролни средби се врши подигање на квалитетот на програмските активности во рамките на извидничката организација во Македонија и нејзина промоција во Република Македонија. По одржаната средба девојките членови на патролата “Видри“ ја посетија и зоолошката градина во Скопје со што заокружија една добра програмска активност.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*