Одбележана една година – Совет на млади на Општина Велес

совет2На 9.7.2016 год. (сабота) Советот на млади на Општина Велес ја одржува својата прва свечена седница по повод првиот роденден на ова општинско тело во чиј состав покрај претставници на младинските организации во Велес, учество имаат и многу млади велешани.
Свечената седница имаше за цел да го одбележи едногодишното постоење на Советот на млади на Општина Велес, како и да го потпише меморандумот за соработка со младинската иницијатива „Сакам-Можам“ од Долни Милановац, Република Србија со што Советот веќе започна да функционира и меѓународно. На свечената седница учество земаа и петмина извидници членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ и тоа: Благој Ѓорѓиев, Елена Стумбова, Симона Тодорова и Кристијан Јорданов и Ангела Чејкова. На извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес на оваа седница му беше доделена и Благодарница за активна соработка, поддршка и унапредување на развојот на младите и младинските политики како и остварување на нивните цели, идеи и предлози во соработката со Советот на млади на Општина Велес. Целта е да го презентираме она што Советот успеа да го спроведе изминатата година, кои проекти и идеи беа реализирани, како и да им се заблагодариме на луѓето без кои се ова не би било реалност.

13621762_10208656476662734_997126750_o

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>