Оглас за ангажирање експерт за изработка на студија случај

За потребите на проектот „Еднакво квалитетни услуги за сите граѓани“, Извиднички одред ДИМИТАР ВЛАХОВ Велес испраќа:

 

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ  11/2018 од 14.3.2018

за набавка на услуги – ангажирање на експерт за студија на случај

 

Извиднички одред ДИМИТАР ВЛАХОВ Велес во рамките на проектот „Еднакво квалитетни услуги за сите граѓани“, има потреба од ангажирање на експерт за студија на случај.

Подетален опис на бараните услугите се наоѓа во описот на надлежности (ToR) – прилог на овој повик.

Фази на спроведување (15-ти август 2017 година до 15-ти ноември 2018 година)

Потребно е да се испорачаат услугите во период од јануари до април 2018 год.

Ве охрабруваме да ни доставите Ваша понуда за горенаведената покана.

  1. Понудата треба да ги содржи следните елементи:

Кратка биографија (CV)

Листа со референци за активности поврзани со барањето на овој повик

Финансискиот дел од понудата треба да биде во следниот формат:

Ставка

Опис на активност/услуга Број на денови Цена на ден Вкупна бруто цена
1. Изработка на студија на случај 12
ВКУПНО 12

 

Изборот на добавувачите ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда.

  1. Услови и начин на плаќање

Плаќањето ќе биде извршено по реализација на планираните активности на следниот начин:

Ќе биде исплатен нето износ на трансакциска сметка на лицето што ќе ги изврши планираните активности и ќе биде исплатен персонален данок за тој износ.

  1. Набавката е неделива.
  1. Начин на доставување на понудите

Понудата се доставува по е-пошта на следната адреса: scoutveles@gmail.com, или хартиено во архивата на Извиднички одред ДИМИТАР ВЛАХОВ Велес , на адреса ул. Трајче Панов бр.22, Велес.

Краен рок на доставување на понудите е до 17.03.2018 година до краен рок – 17.00 часот.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

 

Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-пошта на Извиднички одред „Димитар Влахов“ Велес, scoutveles@gmail.com, најдоцна до 17.03.2018 година.

 

Рок на важност на понудата: најмалку 30 дена.

 

 

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА (ToR) 11/2018 од 14.3.2018

АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ ЗА СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ

 

 

 

1          ВОВЕД

 

Обезбедувањето услуги од страна на локалните самоуправи сеуште е рак рана за граѓаните. Граѓаните сеуште не знаат каде да се обратат за да ги добијат конкретните услуги кои ги бараат, сеуште се потребни многу документи и движење низ институциите за да се заврши некоја конкретна работа. Ова претставува пред се проблем за населението кое што е со понизок степен на образование, а се добива впечаток дека континуирано се случуваат одредени работи за кои треба да се поднесе некаква документација за да се регулираат обврските (откуп на земјиште, под куќи или згради, негова трансформација, промена на детални или генарални урбанистички планови, формирање на куќни совети и.т.н.).

Подигнувањето на степенот на услугите кои ги даваат локалните самоуправи е еден од 6-те клучни сегменти за подобрување на работата на јавната администација која е најблиску до граѓани и од која најмногу се очекува за да се подобри квалитетот на животот на граѓаните во локалната заедница. Таа треба да биде мост помеѓу институциите и граѓаните и да овозможува еднаков пристап за сите граѓани без разлика на нивната етничка, родова или каква било друга припадност.

 Политиката на државната администрација која е ориентирана кон задоволување на потребите на граѓаните  треба целосно да се воведе и адекватно на тоа да се применува. За да се оствари тоа потребна е високо професионална администрација која што ќе поддржува квалитетно обезбедување на јавните услуги, а не само на хартија и која ќе ги направи достапни јавните услуги до последниот граѓанин.

2        РАМКА НА ЗАДАЧАТА

2.1     Цел на мисијата/задачата

Извиднички одред „Димитар Влахов“ Велес придонесува да се подигне нивото на обезбедување на услугите од страна на локалните самоуправи од Вардарски плански регион до крајните корисници, односно граѓаните, бизнис заедницата, инвеститорите.

2.2       Активности на мисијата

  • Експертот ќе има задача да учествува во менторските работилници за начинот на следење на СИГМА стандардите на локално ниво според мониторинг рамката на индикатори,
  • да напише студија на случај за работата на општините во Вардарски плански регион (Свети Николе, Лозово, Велес, Чашка, Градско, Росоман, Неготино, Кавадарци, Демир Капија)
  • да ги спроведе сите проектни активности што ќе произлезат како задача од менторските работилници во следење на работата на администрацијата на локалните самоуправи

2.3     Временски период за услугата

Временската рамка за реализација на оваа експертска задача, вбројувајќи ги сите активности, е јануари – април 2018 година. Финалниот извештај за експертската услуга треба да се поднесе до април 2018 година.

3        ОРГАНИЗАЦИЈА

3.1       Специфични квалификации

Ангажираниот експерт треба да ги исполнува минимум следните квалификации:

–           завршено високо образование, (магистерски студии од областа ќе се сметаат за предност);

–           минимум пет години работно искуство;

–           практично работно искуство во слични експертски мисии ќе се смета за предност.

3.2       Временска рамка по експерт

Во продолжение е временската рамка за реализација на експертската услуга по ангажиран експерт.

Активност Вкупно денови Реализација
Изработка на студија на случај 12 Јануари – април 2018
ВКУПНО (макс.) 12  

 

3.3  Логистика

За спроведување на активностите, во текот на целата мисија од страна на проектниот тим на Извиднички одред ДИМИТАР ВЛАХОВ Велес.

3.4       Начин на плаќање

Плаќањето ќе биде извршено по реализација на планираните активности на следниот начин:

Ќе биде исплатен нето износ на трансакциска сметка на лицето што ќе ги изврши планираните активности и ќе биде исплатен персонален данок за тој износ.

3.5       Библиографија и документација

Во функција на успешно извршување на задачата на експертот ќе му биде доставена на располагање сета потребна документација со која располага Извиднички одред ДИМИТАР ВЛАХОВ Велес.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>