Мисија

Мисија на извидничкото движење

 

МИСИЈАТА на Извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес е да придонесе во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството.

ВИЗИЈА на извидничкото движење во Македонија е да стане современо, атрактивно и самоодржливо и да обединува млади луѓе преку неговите привлечни и динамични работни активности.

ЦЕЛ на извиднички одред “Димитар Влахов“ е да придонесува во развојот на младите луѓе во достигнувањето на нивните потполни физички, интелектуални општествени и духовни можности како поединци, како одговорни граѓани и како членови на нивните локални и национални заедници, како и меѓународната заедница.

НАЧИНОТ на остварување на нашата цел е со охрабрување на физичкиот, интелектуалниот, емотивниот, социјалниот и духовниот развој на младите луѓе, како тие би го постигнале својот целосен потенцијал и како одговорни граѓани да го подобрат општеството преку употреба на ИЗВИДНИЧКИОТ МЕТОД кој е претставен преку:

– Завет и закони: да бидат обрзани ид а живеат според темелните вредности кои се содржани во заветот и законите.

Учење преку работа: да создаваат свои ставови, знаења и вештини стекнати со практично извршување на задачи.

Патролен систем: да бидат дел од мала група ( 6 – 8 ) на врсници кои се под водство на повозрасни.

Симболична рамка: Симболичната рамка е битен елемент на Извидничкиот Метод. Целта е да се нагласи стилот на живеење врз кој е изградено извидништвото и да им дават позитивни идоли на нашите извидници.

Природа: Активности на отворено и искуството стекнато од работа во природа.

– Личен напредок: Извидникот треба да се справува со предизвикувачки, прогресивни и креативни активности за да го развие неговиот целосен потенцијал. Со текот на времето треба да му се зголемуваат и задолженијата / обрските за да се запази нивниот личен напредот.

Поддршка на возрасните: Извидништвото настојува на соработка помеѓу возрасните и младите. Нивната соработка е изградена врз доверба и почитување. Улогата на возрасните е да им овозможи на младите луѓе да го развијат нивниот целосен потенцијал.

ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ на извидничкото движење во Република Македонија се:

1. Обврска кон духовниот развој – Прифаќање на духовните принципи, лојалност кон верата која ги изразува и прифаќање на обврските кои произлегуваат.

2. Обврска кон другите – Лојалност кон својата земја заедно со промоција на локалниот, националниот и меѓународниот мир, разбирање и соработка и учество во развојот на општеството со признавање и почитување на дигнитетот на другиот и интегритетот на природниот свет.

3. Обврска кон себе – Одговорност за сопствениот развој.

Член на Сојузот на извидниците на Македонија може да стане секој граѓанин на Република Македонија со давање Завет и кој ја прифаќа и спроведува Програмата на Сојузот на извидници на Македонија, работи по извидничките закони и активно учествува во работата на својата единица. Спрема возраста членовите на извидничката организација се поделени во пет категории и тоа:

    а) развигорци – од 7 до 10 години (од прво до четврто одделение во основно образование);
б) помлади извидници и извиднички (поречани и езерци) – од 11 до 14години (од пето до осмо одделение во основно образование);
в) извидници и извиднички (поречани и езерци) – од 15 до 18 години ( прва до четврта година во средно образование)
г) истражувачи – 19 – 21 година ( факултет )
д) сениори – над 21 година ( активни водачи, поддржувачи, пријатели на организацијата и почесни членови )

Новопримените членови, по тримесечен приправнички период, заветот вообичаено го даваат на некоја настан прилика и во присуство на нивниот водач и поголем број извидници и пријатели на организацијата.

    Заветот е ист за сите категории на извидници и тој гласи:
„Давам чесен збор,
– дека ќе ја запознаам и сакам својата татковина Р.Македонија
– дека ќе ја прифатам духовната реалност и ќе го барам нејзиното потполно значење
– дека секогаш ќе им помагам на луѓето
– дека ќе живеам и работам по извидничките закони“

Извидничките закони кои што се почитуваат во нашата организација се следни:

за развигорците:
1. Развигорецот е добар пријател, храбар и чесен
2. Развигорецот ги почитува своите родители и постарите
3. Развигорецот добро учи, вреден е и несебичен.

за извидниците:

    1. На извидникот му е чест да му веруваат
2. Извидникот е корисен
3. Извидникот е добар другар
4. Извидникот е учтив
5. Извидникот е оптимист
6. Извидникот е верен и одговорен
7. Извидникот постојано учи и ги применува стекнатите знаења
8. Извидникот ја цени природата
9. Извидникот ги цени и развива духовните и културните вредности
10. Извидникот е чесен во мислите, зборовите и делата

Извидничкото движење е воспитно, доброволно, неполитичко, самостојно и отворено за сите без оглед на нивната расна, верска или национална припадност, а кои ги прифаќаат неговите начела, принципи и метод за работа.

Сојуз на извидници на Македонија е полноправна членка на WOSM(Светската организација на извидничкото движење).