Мапирање и селекција на атрактивни локални туристички можности во Чашка – ТЕОВО

Општина Чашка има потенцијал за развој на туризмот. Можности за развој на алтернативен туризам и тоа: културно- историски туризам, рурален туризам , планински туризам ,религиозен туризам и ловен туризам.
Голем број на населени места , започнуваме од нешто Теово. Прекрасно населено место оддалечено од Населба Чашка , административниот центар 20км.  Секој посетител за Согле, Богомила, Нежилово, Ореше, Папрадиште застанува да се фотографира пред долгогодишниот јавор кој секој посетител на Чашка не го остава рамнодушен.

t2Во негова непосредна близина е црквата Св Атанасиј , а веднаш е и сместувачки комплекс за 11 лица отворен за секој намирник, посетител. Верниците го посетуваат и манастирот Св Архангел Михаил. Во манастирскиот комплекс секој верник може да преноќи и ужива во убавините.Во манастирскиот комплекс може да се сместат 30 лица.

t7
Теово е потенцијал за развој на алтернативниот туризам. Природата изобилува со шумски плодови , чаеви и печурки кои се предзивик за оние кои сакат да уживаат во природата. Својата понуда Теово ја зголемува својата туристичка понуда со влегување во делот на потенцијални туристички производи со одбележување на патеката Теово- Мокрени,  за планинари и спортисти, домашни и странски туристи.
Со богатството на природата, надополнети со сместувачки капацитети и обележани пешачки патеки , љубезни домаќини Теово е атрактивно место значајно на туристичката мапа во Општина Чашка, Вардарскиот регион и Македонија.

t6
Промоцијата на населените места е дел од проектот „ Младински еко-етно рурален туризам„ кој се имплементира од страна на Здружение на граѓани Еколошко друштво АМБИЕНТАЛИСТИ село Горно Јаболчиште Чашка , Извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес и Младински форум Чашка.
„ Младински еко –етно рурален туризам “ е регрантиран преку „Здружени сили за заеднички интереси”, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско опшество и медиуми 2014, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*