Мапирање и селекција на атрактивни локални туристички можности – Папрадиште

Мијачкото село Папрадиште сместено во падините на Јакупица на 1000 метри надморска височина, плени со својата убавина. Кога се населиле мијаците , своите новоизградени домови немале слама да ги покријат и за тоа користеле папрат кој го има во изобилие  и за тоа селото го добива името„ Папрадиште“. papradiste2  Во самиот центар на селото е сместен детскиот планинарски дом Папрадиште кој располага со капацитет од 35 легла сместени во 5 простории, трпезарија со дневен престој. Години наназад е место каде се оддржува познатата манифестација „ Папарадишки мајстори“ каде уметници од цел Балкан творат уметнички дела. papradiste3
Од Папрадиште сите љубители може да го посетат Чеплес по добро маркирана патека за 2 часа. Оние кои не се за подалечни пешачки тури може да го посетат „ Марково стопало“ оддалечено 15 минути од домот. Легендата за Крали Марко кој оставил траг во карпата. Денес сите посетители оставаат ситни пари во карпата со верување дека ја оставаат болката и си наоѓаат лек за себе и фамилијата.
Позната е црквата Св. Петар и Павле, дело на  Андреја Дамјанов, каде може секој да ги види фреските и иконите од Зографски и Папрадишки. Селска слава е Петровден каде сите фамилиии задолжително за овој ден се во Папрадиште. Функционирањето на домот ги мотивира и мешатните, кои своите домови ги нудат за смештај на посетителите, една од нив е Вила Диме, Папрадиште.papradiste4
Промоцијата на населените места во Чашка, сместувачките капацитети, е активност од проектот „ Младински еко-етно рурален туризам„ кој се имплементира од страна на Здружение на граѓани Еколошко друштво АМБИЕНТАЛИСТИ село Горно Јаболчиште Чашка , Извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес и Младински форум Чашка.
„ Младински еко –етно рурален туризам “ е регрантиран преку „Здружени сили за заеднички интереси”, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско опшество и медиуми 2014, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>