Мапирање и селекција на атрактивни локални туристички можности – Оморани

Денес, кога ќе кажеш Оморани, веднаш прашуваат селото Оморани или Населбата Оморани . Селото Оморани, односно околината на селото е привлечна за оние кои сакаат планински велосипедизам, пешачки тури до околните манастири, еместо препознатливо по каменестиот специфичен предел исклучително погоден за лов на дива коза. Веќе подолго време функционира сместувачкиот капацитет“ Ранчо и Ванчо на Ката“. Да, токму така станува збор за рестарвација на стара селска куќа, автентична македонска куќа  која нуди првенствено ноќевање со појадок за сите оние кои сbazenzaodmor1 акаат да доживеат нови авантури.
Манастирот се наоѓа на неколку километри од селото Оморани, во пазувите на планината Мукос. Потеклото на манастирот треба да се бара негде или во српско време или во визнатискиот период. Други сакрални објекти во селото се: црквата Св. Константин и Елена, изградена во византиско време , а обновена во XIX век, како и црквата Св. Петка подигната во поново време. omorani4
Промоцијата на населените места во Чашка, сместувачките капацитети, е активност од проектот „ Младински еко-етно рурален туризам„ кој се имплементира од страна на Здружение на граѓани Еколошко друштво АМБИЕНТАЛИСТИ село Горно Јаболчиште Чашка , Извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес и Младински форум Чашка. „ Младински еко –етно рурален туризам “ е регрантиран преку „Здружени сили за заеднички интереси”, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско опшество и медиуми 2014, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>