Мапирање и селекција на атрактивни локални туристички можности – Архелошки локалитет МРАМОР

Во непосредна близина на населба Чашка, е археолошкиот локалитет „ МРАМОР“. Топчестата флејта, окарина која денес живее симболизирајќи го животот  и овозможувајќи да живее во иднина со звукот кој плени , денес свири големиот музичар Драган Даутовски. Флјтата пронајдена од страна на Трајанка Јовчевска, кустос од Народниот музеј Велес во 1989 година
Топчеста флејта, f1 е  стара 6000 години. Малиот глинен инструмент е  изработен од пречистена црвена глина. Целосно сочувана и има неправилна топчеста т.е. елипсовидна форма со дијаметар од 4,7 сантиметар, со шуплива внатрешност. На површината на наодот нема декоративни елемент, видливи се само три перфорациисо различен пречникод 0,4 до 0,6 см.кои се распоредени како три темиња на триаголник.Отворот од замислениот триаголник е нешто поголем и и има мало зарамнување, а другите два отвора се слоро идентични. За окарината се претпоставува дека припаѓа на постариот хоризонт на културно живеење, а ваква флејта покрај Македонија е пронајдена уште три други места во светот.

f2

Промоцијата на населените места во Чашка, сместувачките капацитети, е активност од проектот „ Младински еко-етно рурален туризам„ кој се имплементира од страна на Здружение на граѓани Еколошко друштво АМБИЕНТАЛИСТИ село Горно Јаболчиште Чашка , Извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес и Младински форум Чашка. „ Младински еко –етно рурален туризам “ е регрантиран преку „Здружени сили за заеднички интереси”, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско опшество и медиуми 2014, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>