Мапирање и селекција на атрактивни локални туристички можности – мостовите на Тополка и Врановска

m2Одбележувањето на патеката „ Нова Македонија“од страна на Извиднички одред „ Димитар Влахов“ ги отвори можностите за промоција и снимање на прекрасните мостови по течението на Тополка и Врановска река, во близина на Лисиче и Горно Врановци.
Природните убавини кријат камени градби и обогатувајќи го културното наследство на Чашка. Мостовите се со градба на свод и претставувале премин и поврзување на населените места со Велес, Горно Јаболчиште,Долно Јаболчиште, Горно Врановци.
Калдрмата изградена од камен, преку сртот од село Горно Врановци води до Бистрица.Мостовите сами по себе зборуваат за населението кое низ вековите оставило белег и богатство за сите нас денес. Квалитеттно изградени во турскиот период , денес постојат како доказ на градителството за сите љубители на архитектурата, културното наследство и природата.
Промоцијата на населените места во Чашка, сместувачките капацитети, е активност од проектот „ Младински еко-етно рурален туризам„ кој се имплементира од страна на Здружение на граѓани Еколошко друштво АМБИЕНТАЛИСТИ село Горно Јаболчиште Чашка , Извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес и Младински форум Чашка. „ Младински еко –етно рурален туризам “ е регрантиран преку „Здружени сили за заеднички интереси”, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско опшество и медиуми 2014, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>