Мапирање и селекција на атрактивни локални туристички можности – Мокрени

234-08092010054831На надморска висина од 600 метри во село Мокрени во прекрасните планински предели се наоѓа планинарскиот дом Мокрени. Домот располага со капацитет од 30 кревети. Посетителите може да се движат по добро маркирани, обележани патеки кои се низ разновидна шумска вегетација.Убавината на селото ја дополнува Црквата Свети Никола, на десната страна на главниот пат која е заштитена од Министерство за култура на Македонија и се наоѓа во регистарот на меморијални споменици и спомен обележја на територија на Општина Чашка.
Објектот зафаќа површина од 0,5 хектари. Црквата е заштитена од Заводот за заштита на споменици. Истата е трокорабна со полукружна апсида од надвор. Камбанаријата е со квадратна основа, поставена на дрвени греди и се наоѓа на влезот од дворот на црквата. Подигната е во 1852 година. Живописана е во 1860 година. Во црквата има иконостас, владичин стол, црковен мемел и икони кои не се евидентирани.
Непосредно над селотот е Црквата Св. Спас во чии конаци може верниците да преспијат и поминат време во недопрената природа .
Промоцијата на населените места во Чашка, сместувачките капацитети, е активност од проектот „ Младински еко-етно рурален туризам„ кој се имплементира од страна на Здружение на граѓани Еколошко друштво АМБИЕНТАЛИСТИ село Горно Јаболчиште Чашка , Извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес и Младински форум Чашка. „ Младински еко –етно рурален туризам “ е регрантиран преку „Здружени сили за заеднички интереси”, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско опшество и медиуми 2014, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*