Мапирање и селекција на атрактивни локални туристички можности – ГОЛОЗИНЦИ

golozinci-300x1601Во април 1997 година извидничкиот одред “Димитар Влахов”  за остварување на сопствените програмски активности го формираше извидничкиот центар “Голозинци” во истоименото село, кои што се наоѓа во централна Македонија или 20 километри југозападно од Велес во општината Чашка. Истиот комуникациски е поврзан со автобуски и железнички превоз. Извидничкиот центар располага со цврст објект со 50 легла, кујна, трпезарија, санитарен чвор и уреден логорски простор за 50 шатори. Центарот за своите потреби располагa со современа опрема (ТВ, озвучување, компјутер) кои што се користи за програмските активности и организирањето на културно забавната програма. Може да се каже дека центарот е место за забава и обука на извидниците од Македонија и пошироко.
Сакаме да нагласиме дека присуство на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ на терените на општинаgolozinci111 Чашка, голем дел од населените места како што се Голозинци, Лисиче, Еловец и населба Чашка имаат и економски придобивки од присуството на големиот број на извидници од Македонија и надвор од неа.
Од селото Голозинци до селото Горно Врановци е и маркирана планинарската патека со должина од 14 километри. Со оваа патека се поврзани следните населени места Голозинци – Лисиче – Хидросистем Лисиче – Горно Врановци.
Промоцијата на населените места во Чашка, сместувачките капацитети, е активност од проектот „ Младински еко-етно рурален туризам„ кој се имплементира од страна на Здружение на граѓани Еколошко друштво АМБИЕНТАЛИСТИ село Горно Јаболчиште Чашка , Извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес и Младински форум Чашка.
„Младински еко –етно рурален туризам “ е регрантиран преку „Здружени сили за заеднички интереси”, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско опшество и медиуми 2014, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>