Мапирање и селекција на атрактивни локални туристички можности- ГОРНО ВРАНОВЦИ

Горно Врановци, село заштитено од Министерство за култура нуди одлични можности за развој на културно- историскиот туризам.Во регистарот на меморијални споменици и спомен обелжја на територијата на Општина Чашка , кои се заштитени од Министерството за култура се и :
vranovci2– Меморијалниот музеј, партизанска печатница „ Гоце Делчев“;село Горно Врановци
– Меморијален музеј , централен комитет на КП на Македонија, село Горно Врановци
– Меморијален музеј , президиум на АСНОМ, село Горно Врановци
– Џамија, 1944 година, партизанска болница , село Горно Врановци
Во самиот центар на селото е сместен објект хотел Горно Врановци кој веќе неколку години не работи. Но, природните убавини и богатството на спомен обележјата се основа за развој на културно историскиот туризам за децата од основно и средно образование.

vranovci3
Промоцијата на населените места е дел од проектот „ Младински еко-етно рурален туризам„ кој се имплементира од страна на Здружение на граѓани Еколошко друштво АМБИЕНТАЛИСТИ село Горно Јаболчиште Чашка , Извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес и Младински форум Чашка.

vranovci4
„ Младински еко –етно рурален туризам “ е регрантиран преку „Здружени сили за заеднички интереси”, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско опшество и медиуми 2014, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*