Мапирање и селекција на атрактивни локални туристички можности – БОГОМИЛА

b3Богомила село оддалечено 40 км западно од општинскиот центар. Се наоѓа во подножјето на планината Јакупица, на десна страна од реката Бабуна. Самиот влзе е преку познатиот „ камен мост „ кој датира од турскиот период на река Бабуна ,истиот  заштитен од Министерство за култура. Мостот е единствен пристап , премин преку река „ Бабуна“ за жителите, посетителите во Богомила, Ппарадиште, Ореше, Нежилово, Капиново.  Во Богомила се наоѓа мотелот „ Зидан мост“, кој со својата извонредна местоположба и поглед кон Солунска глава , дава спокој за секој посетител. Капацитетот на мотелот е 35 легла во 12 соби, секоја со сопствен тоалет, конференциска сала за 30 лица , ресторан со капацитет од 80 места , лчетна бавча.
Посетителите можат да престојуваат и во Рекреативниот дом, преноќиште за пензионери и младинци  „ Петре Поп Арсов“ во самиот центар на село Богомила.  Капацитетот на рекреативниот дом е  од 40 легла во 10 соби.  Посетителите имаат можност да го посетат Манастирот Св Спас кој  има располага со легла за верниците , како и црквата Св.Атанасиј и секако спомен куќата на  Петре Поп Арсов која е заштитена од Министерство за култура. b1
Промоцијата на населените места во Чашка, сместувачките капацитети, е активност од проектот „ Младински еко-етно рурален туризам„ кој се имплементира од страна на Здружение на граѓани Еколошко друштво АМБИЕНТАЛИСТИ село Горно Јаболчиште Чашка , Извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес и Младински форум Чашка. „Младински еко –етно рурален туризам “ е регрантиран преку „Здружени сили за заеднички интереси”, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско опшество и медиуми 2014, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>