Мапирање и селекција на атрактивни локални туристички можности – Бистрица

На падините на Јакупица е село Бистрица. Мештаните го посетуваат особено на Петовден, кога црквата Св Петар и Павле која е од XIX век е претесна за сите кои на „ Петровден “ се во село Бистрица. Тука е и археолошкиот локалитет Липовица, населба од доцноантичко време. Во поранешната училишна зграда, денес е сместен “ Етнолошкиот музеј“ со кој стопанисува Здружението на граѓани Разбој од Велес.
Грижата за заштита, ревитализација на културното наследство, вредности како и желбата за препознавање на корените на нашите претци преку промоција на традиционалните предмети на македонската

razboj2

традиционална култура.
Гордо стојат собраните предмети кои се изложени од село Бистрица, но и од територија на АЗОТ. Музејот има повеќе од 500 предмети и е посетен од голем број на домашни и странски посетители.
Постановките во музејот се заштитени и регистрирани како културно наследство на Македонија од страна на Министерството за култура од 2016 година со законот за музјеска дејност.
Промоцијата на населените места во Чашка, сместувачките  razboj1капацитети, е активност од проектот „ Младински еко-етно рурален туризам„ кој се имплементира од страна на Здружение на граѓани Еколошко друштво АМБИЕНТАЛИСТИ село Горно Јаболчиште Чашка , Извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес и Младински форум Чашка. „ Младински еко –етно рурален туризам “ е регрантиран преку „Здружени сили за заеднички интереси”, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско опшество и медиуми 2014, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>