Биографија на ИО “Димитар Влахов” Велес
Основач на одредот е Проф. Петар Петровски. Од самиот почеток започнуваат да се формираат извиднички единици во сите основни училишта, а за поздравување било и формирањето на единици во тогашните претпријатија Монопол и Механичка. Од 1957 година со учеството на II Смотра на извидници на Југославија, на Пале, одредот во континуитет зема учество на сите републички и сојузни смотри. Во делот на ориентационите натпреварувања патроли од одредот земаат учество во Бечеј, Бања Лука, Смедерево, Белград, Коњиц, Сараево, Смедревска Паланка, Подгорица, Ниш, Младеновац, Алексинац, Нови Сад, Загреб, Љубљана и во сите градови во Република Македонија, а треба да се нагласи и првото место во 1972 година на Сљеме (кај Зграб) на Југословенскиот извиднички ориентационен натпревар.
Во сите овие години одредот имаше и учество на меѓународни активности како што се: зимовања во Закопане – Полска, 18то Светско Џамбори во Холандија, 10от Светски Мут во Шведска, Инструкторска школа во Бохињ – Словенија, потоа учеството на Џамбори на интернет – ЈОТИ, Првиот интернационале скаутски видео филм фестивал – СВИФЕСТ во Ниш, Ликовната колинија на извидници сликари во Ковачица, учество на семинар во Кандерштег – Швајцарија, Будимпешта – Унгарија, Киев – Украина, Европската конференција во Прага – Чешка, Националното Џамбори во Германија, Ровервеј – Италија и прославата на 100 години постоење на извидничкото движење во Светското во Англија во 2007 на 21 Светско Џамбори и друго.
За посебни успеси во работата во 1971 година одредот е одликуван со “Златен јаворов лист со зраци”. За успешно спроведување на програмата одредот многупати е одликуван со “Партизански одред”, а на 45 годишнината од неговото постоење во 1998 година одредот го добива највисокот општинско признание – “9то Ноемвриска плакета”.
На 07.03.1998 година на Свечената седница на нашиот одред се изврши збратимување со ИО “Мија Станимировиќ” од Ниш со што се круниса нашето пријателство и успешна соработка.
На 05.04.2004 година извидничкиот одред Димитар Влахов го прослави своето 50 годишно постоење. На оваа прослава беше промоирана монографијата “Извидничкото движење во Велес 1953 – 2003“ и репортажата “50 години – воспитание – образование – извидништво“
Во 2002 година, за квалитетното менаџирање на извидничкиот одред Димитар Влахов, Ангелче Гушев како старешина на одредот, од страна на Локалната самоуправа на Велес, доби “ 9то Ноевриска плакета“ како највисоко општинско признание. Истата година напрославата по повод 50 години извиднички одред Мија Станимировиќ од Ниш, нашиот одред беше одликуван со Кристална плакета.
Генерациите кои што следеа со пожртвувана работа и многу одрекувања успеаа да на најдобар начин ја презентираат вредноста на извидничкото движење. Основачите избраа, избравме и ние – направете го и вие вашиот најдобар избор.