Извидниците од Велес учесници на летни кампови

КампохридВо организација на Сојуз на извидници на Македонија, во периодот од 31.7.2017 до 6.8.2017 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид се одржаа два кампа и тоа првиот камп со заеднички програмски активности со франциските извидници кои доаѓаат од Париз, Тулуз и Лион, а вториот камп беше во организација со здружение на граѓани “Крик“ чии членови се со посебни потреби (слепи, глуви, даунов синдром и аутизам). Во рамките на двата камови се реализираа следните активности: активности на вода, хајк, запознавање на градот Охрид, веслање, едукативни мотивациони сесии, сесии на запознавање на културите и обичаите и разликите помеѓу народите. На овие два кампа од страна на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес учество земаа следните извидници: Иван Гушев, Мартин Голчев, Кире Харалампиев, Петар Цветановски и Благој Ѓорѓиев

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>