Извидниците од Велес – трети на 44 Меморијал Марко Граорковски 2017

18052675_1696447500371680_1598967552_nЧленовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес на покана на извидничко поречанскиот одред “Јадран“ од Скопје во периодот од 21 до 23 април оваа година во Катлановска Брезица земаа учество на 44 Меморија Марко Граорковски . На Меморијалот учество стотина извидници распределени во 17 екипи од Македонија. Натпреварувањата се одржаа во три категории и тоа:
• Извидници (12-15 години)- 8 екипи
• Истражувачи (16-18 години)- 8 екипи
• Ровери (19-24 години)- 1 екипа
Во категоријата извидници третото место освоија извидниците од ИО “Пионер“ од Охрид, а првото и второто место ги освоија екипите од ИО “Гоце Делчев“ од Св.Николе.
Во категоријата истражувачи третото место освои екипата “Гемиџии“ од ИО “Димитар Влахов“ од Велес, второ место го освои екипата “Охридски Пастрмки“ од ИО“Пионир“ од Охрид, додека првото место го освои екипата “Каменковци“ од ИО “Браќа Миладиновци“ од Скопје.
Во категоријата ровери првото место го освои екипата “Старки“ од ИО “Феникс“ од Прилеп.
Прорамските активности во рамките на 44 Меморија Марко Граорковски беа натпревари од првото коло од Извидничката лига 2017 во организација на Сојуз на извидници на Македонија и ИПО “Јадран“ од Скопје.

18051589_1696447467038350_2112326415_n

 

Благојче Ѓорѓиев

 

 

 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>