Извидниците од Велес трети по повод празникот на град Скопје

bm2Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, на покана на извидничкиот одред “Браќа Миладиновци“ од Скопје , на 14.11.2015 год. (сабота), по повод Денот на ослободување на град Скопје, со дванаесет извидници или три патроли од  извидници и развигорци земаа учество на традиционалната акција “Извидниците за својот град“. На оваа извидничка акција извидниците се натпреваруваа во голем број на извиднички дисциплини, а на истата учество земаа пеесетина патроли на развигорци и помлади извидници. Велешките извидници во рамките на натпреварувачккиот дел во категоријата извидници го освоија третото место. По освојувањето на второто место на Државниот извиднички ориентационен натпревар, ова е нов успех на Велешките извидници, со што се докажува квалитетната работа на членовите на извидничкиот одред “ Димитар Влахов“- Велес.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>