Извидниците од Велес втори на акцијата “Есенски бакнежи и прегратки“

базе_сараАкцијата се одржи од 22 до 24 септември во Шумско домче, Мала река, Китка, Македонија, во која учество земаа 8 екипи и над педесетина извиднци од цела Македонија. Акцијата е одржана со цел да се зголеми сексуалната едукација кај младите извидници. Впечаток остави и рокерскиот дел од акцијата. Ова коло од извидничката лига беше најинтересно до сега, беа организирани огромен број на интересни игри, а се црташе и панорамска скица за прв пат во извидничката лига. Стазата беше добро осмислена, а имаше и добро организирани бази. Натпреварувањата се одржаа во 3 категории и тоа:
•    Истражувачи (16-18 години)- 6 екипи
•    Ровери (19-24 години)- 2 екипи
Во категоријата истражувачи 3то и 2ро место освоија екипите од ИПО “Јадран“ од Скопје, додека првото место го освои екипата Каменкофци од ИО “Браќа Миладиновци“ од Скопје.
Во категоријата ровери второто место го освои мешаната екипа Чичко Врап која беше составена од извидници од ИО “Димитар Влахов“ – Велес, ИПО “Крсте Јон“ – Струга и ИО “Браќа Миладиновци“ – Скопје, додека првото место го освои екипата Харемот на Рики од ИПО “Јадран“ од Скопје.
Деветото и предпоследно коло од Извидничката лига 2017 беше успешно завршено во организација на ПСИО

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>