Извидниците од Велес втори во истражувачи, по првото извидничко коло на СИМ

логоприлепВо Прилеп во организација наизвидничкиот одред “Феникс“ и Сојуз на извидници на Македонија на 1.4.2018 год. (недела) се одржа првото коло од извидничката лига во СИМ 2018 – “Прилеп те повикува“. Ова коло ги опфаќаше сите категории на членство: развигорци (8-11 години), извидници (12-15 години), истражувачи  (16-18 години) и ровери (19 до 24 години). Учесници на првото коло од извидничката лига на СИМ 2018 беа извидниците од Скопје, Велес, Кичево, Охрид, Куманово и домакинот Прилеп. Типот на натпреварите на ова прво извидничко коло беше – Урбанат ориентација (ориентаци преку загонетки). Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес зема со осум извидници, од кои една патрола се натпреваруваше во категорија истражувачи.

Прилеп2

Тоа беше патролата “Чичко Врап“ во состав: Трајче Темелковски, Сара Нунеска, Благој Ѓоргиев, Мартин Голчев и Иван Гушев, која што воедно го освои и второто место во категоријата истражувачи.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>