Завршница на проектот “Насмевка во пижами“

На 17.3.2008 год. (понеделник) во просториите на Детското одделение при Градската болница во Велес, беше донирана опремат која што се состоеше од: детски пижами, постелнина, играчки и просторија – игротека која што целосно беше обновена (ламинат, ПВЦ прозори, внатрешно уредена со намештај) во која се сместена и аудио и видео опремата, сликовниците и играчките со кои децата присутни на детското оделение ке се забавуваат. Целата оваа опрема беше обезбедена во рамките на филантропскиот проект “Насмека во пижами“, а реализиран од страна на Фондацијата за локален развој и демократија “Фокус“ од Велес. На оваа свеченост беше доделена и благодарница на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ кои од самиот почеток со своите членови волонтерски се вклучи во целосната реализација на програмските активности на проектот “Насмевка во пижами“.  

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.