Завршен настан на иницијативата “Уредување на отворен простор за анимација и логорување на млади во село Голозинци – Општина Чашка)

nmsm2Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, реализирајќи ја иницијативата  која што е поддржана од страна на Националниот Младински Совет на Македонија  – “Уредување на отворен простор за анимација и логорување на млади  во село Голозинци – Општина Чашка) денес 07.05.2017 год. (недела) во с. Голозинци – Општина Чашка  изврши промоција на активностите кои се предвидени со планот  на активности предложени во спомената иницијатива. На завршниот настан градевме летна училница која ќе  се користи и за неформални активности за сите млади од општина  Чашка (Богомила, Извор, Горно Јаболчиште, Горно Врановци, Мeлница), го  саниравме и создаваме камперскиот простор со монтирање на подвижна електрична  инсталација за осветлување и ќе се гради капија со посматрачница во  извидничкиот центар Голозинци, како битен извиднички елемент на еден современ  камперски простор. На овој завршен настан учество покрај членовте на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес,  земаа и ученици од местата во Општина Чашка кои се предвидени  како корисници на оваа иницијатива. На овој настан учество земаа вкупно 85 млади. Иницијативата е дел од кампањата “Мрдни со прст“ која има за  цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени  промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и  можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>