Горди на резултатите во Општина Чашка

TABLA1Горди сме на видливите резултати на територија на Општина Чашка согласно проектот „ Младински еко-етно рурален туризам„ кој се имплементираше  од страна на Здружение на граѓани Еколошко друштво АМБИЕНТАЛИСТИ село Горно Јаболчиште Чашка , Извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес и Младински форум Чашка.  Со несебичната поддршка од страна на вработените на Општина Чашка секој посетител се информира за Општина Чашка, населените места и основните информации за Чашка. Инфо таблите и картата се дел од проектните активности кои оставаат белег за туристичките потенцијали и природни реткости. Поставени се инфо табли со податоци за Бегово Поле, географскиот центар, музеите во Горно Врановци и Голозинци.   Продолжуваме со соработката на Општина Чашка да создаваме промотивни активности кои допринесуваат за развој на Општина Чашка и подобрување на квалитетот на живот  во населените места. t2
Инфо таблите се дел од проектот „Младински еко –етно рурален туризам “ , регрантиран преку „Здружени сили за заеднички интереси”, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско опшество и медиуми 2014, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје.
Само со заеднички сили помеѓу здруженијата на граѓани кои делуваат на територија на Општина Чашка и локалната самоуправа правилно ќе ги насочиме средствата од домашните и странски донатори.

t3t1

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*